Skip to content

Зумба

Што е Зумба?

Зумба е забавен танц-фитнес тренинг инспириран од латино и светски ритми. Комбинира кардио движења, лесни кореографии и енергична музика за да создаде ефективен и заразен тренинг. Погоден е за сите возрасти и нивоа, зумба го согорува стресот, калориите и носи насмевка. Без чувство дека вежбате, ќе ги почувствувате бенефитите – за срцето, телото и духот.

Зумба Fitness / Зумба Fitness /

Зумба Fitness / Зумба Fitness /

Зумба Fitness

Зумба Fitness е оригиналниот и најпознат формат на зумба – кардио танц тренинг инспириран од латино и светски ритми. Комбинира едноставни кореографии со движења од салса, меренге, регетон и самба, при што телото е во постојано движење.

Овој тренинг согорува калории, ја подобрува кондицијата и ви дава чувство на енергија и радост. Zumba Fitness е повеќе од вежбање – тоа е фитнес забава која го подобрува и телото и расположението.

Зумба Toning / Зумба Toning /

Зумба Toning / Зумба Toning /

Зумба Toning

Зумба Toning е комбинација од забавните зумба движења и тренинг со лесни тегови (toning sticks), со цел оформување и зајакнување на мускулите. Додека го следите ритамот на латино музиката, истовремено работите на мускулен тонус, стабилност и координација.

Тренингот е насочен кон јадрото, рацете и долниот дел од телото. Погоден е за оние што сакаат да танцуваат, а во исто време да изградат посилно и пооформено тело.

Зумба Step / Зумба Step /

Зумба Step / Зумба Step /

Зумба Step

Зумба Step го комбинира енергичниот стил на зумба со предизвикот на степ-платформа. Се фокусира на обликување на нозете и задникот, додека пулсот е во константна зона на согорување калории.

Чекорите се ритмички и музички усогласени, што создава динамичен, но контролирано интензивен тренинг. Идеален е за оние што сакаат дополнителен фокус на долниот дел од телото без да се изгуби забавниот дух на класичната зумба.

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи

Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.

+389 71 968 582

Contact Form – Vezbanje

Заследете не

branimir-brankica-instagram-img-1
branimir-brankica-instagram-2
branimir-brankica-instagram-img-2
branimir-brankica-instagram-img-3
branimir-brankica-instagram-img-4
branimir-brankica-instagram-1