B-FitTeen
B-FitTeen
B-Fit Teen е специјално осмислена програма како дел од нашата широкоспектарна понуда, наменета за деца од 9 до 15 години. Преку прецизно дозирани физички вежби – по интензитет, вид и траење – програмата се користи и превентивно, кај деца со предиспозиции за постурални нарушувања, и тераписки, кога тие веќе се присутни. Фокусот е на правилен моторен развој и одржување на здраво и функционално тело во критичниот развоен период.

Основна функција на програмата
Целта на B-Fit Teen е да овозможи нормално функционирање на локомоторниот систем кај децата преку физичка активност што вклучува точно извршување на просторни и временски елементи на движење.
Оваа дисциплина е особено важна во фазата на раст и развој, кога телото е најподложно на промени и може ефикасно да се води кон правилен мускулно-скелетен развој.

Бенефити од програмата B-Fit Teen
- Зголемување на мускулната сила и издржливост
- Подобрување на еластичноста на мускулите
- Зголемување на подвижноста во зглобовите
- Јакнење на кардиоваскуларниот систем
- Развивање и унапредување на координацијата
- Одржување на здрава телесна тежина
- Преку игра и дружба – среќа, самодоверба и социјализација
Персонални тренинзи
Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.
+389 71 968 582





