Social Dances
Што се Social Dances?
Social Dances се танци што се танцуваат во пар, со фокус на забава, поврзување и уживање во музиката, а не на натпревар. Тие се дел од секојдневниот живот во многу култури – се танцуваат на забави, фестивали и вечерни излегувања. Од салсата со својата експлозивна енергија, до сензуалната кизомба, друштвените танци нудат можност да се движите слободно, да се изразите и да се поврзете со други преку ритам и движење.

Салса
Салса е најпознатиот латино танц, позната по својата енергија, брз ритам и заразни движења. Потекнува од Куба, но денес постојат различни стилови како LA, New York и Cuban salsa.
Танцувањето салса значи комуникација со партнерот преку флуидни чекори, обрати и музикална експресија. Таа е совршена за оние што сакаат динамика, забава и жива енергија на паркетот.

Бачата
Бачата е романтичен и интимен танц од Доминиканската Република, препознатлив по меките чекори и изразено движење на колковите. Современиот стил на бачата (modern или sensual) вклучува поврзување со партнерот и музикално толкување на емоцијата.
Бачата е идеален танц за оние што сакаат побавно темпо, блискост и изразување преку нежни, но изразени движења.

Меренге
Меренге е националниот танц на Доминиканската Република и е еден од најлесните и најзабавните танци за учење. Се карактеризира со чекори наизменично од нога на нога и ритмично движење на колковите.
Се танцува на весел, брз ритам и создава ведра, пријателска атмосфера. Совршен е за почетници и секој што сака да се движи без комплицирана кореографија.

Кизомба
Кизомба е сензуален, афро-лузофонски танц што потекнува од Ангола. Се танцува во блиска позиција, со мазни, контролиран движења во темпо што дозволува емоционално изразување и музичка интерпретација.
Кизомба не бара брзина, туку чувствителност и поврзаност со партнерот. Популарна е меѓу оние што бараат длабочина, нежност и интензитет на танцување.

Регетон
Регетон не е класичен друштвен танц во пар, туку урбан соло танц инспириран од истоимената музика од Латинска Америка. Се танцува со енергични, секси и изразени движења на колковите и телото, најчесто во група или соло.
Регетон танцот е експлозивен, модерен и полн со attitude – идеален за изразување, ослободување на енергија и танцување без правила.

Rueda de Casino
Rueda de Casino е групна форма на салса танц, потекната од Куба, каде повеќе танчарски парови танцуваат во круг под водство на водач кој ги најавува фигурите. Партнерите постојано се менуваат, а движењата се синхронизирани, забавни и полни со изненадувања.
Оваа форма на танц создава чувство на заедништво, ритам и постојана интеракција – идеална за сите што сакаат да танцуваат, да се насмеат и да бидат дел од вистинска кубанска атмосфера.
Персонални тренинзи
Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.
+389 71 968 582





