Skip to content

Превентивно корективна гимнастика

Што е Превентивно корективна гимнастика?

Превентивно-корективната гимнастика е специјализиран тип физичка активност наменета за деца со неправилно држење или ризик од развој на постурални деформитети. Се изведува низ внимателно избрани и дозирани вежби по интензитет, вид и траење, со цел да се обезбеди здрав развој на мускулно-скелетниот систем. Во нашиот клуб, оваа програма е дел од широкоспектарната понуда и се спроведува од професионален тим со искуство во работа со најмладите.

Растеме заедно / Растеме заедно /

Растеме заедно / Растеме заедно /

Превентивна функција

Овој пристап е насочен кон деца од предучилишна и училишна возраст кои покажуваат предиспозиции за искривувања на рбетот, нозете или стапалата. Преку прецизно контролирани вежби, децата ја подобруваат својата телесна поставеност, се стекнуваат со правилни движења и развиваат здраво тело уште од најрана возраст.

Растеме силни / Растеме силни /

Растеме силни / Растеме силни /

Корективна функција и бенефити

Доколку постои веќе настанат деформитет, корективната гимнастика делува тераписки – ги намалува болките, ја подобрува мускулната рамнотежа, го зголемува обемот на подвижност во зглобовите и го стабилизира држењето.

Дополнително, се развива кардиоваскуларната функција, се зголемува еластичноста и издржливоста, а децата преку игра и социјализација стекнуваат чувство на радост и сигурност во движењето.

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи

Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.

+389 71 968 582

Contact Form – Vezbanje

Заследете не

branimir-brankica-instagram-img-1
branimir-brankica-instagram-2
branimir-brankica-instagram-img-2
branimir-brankica-instagram-img-3
branimir-brankica-instagram-img-4
branimir-brankica-instagram-1