Skip to content

Стандардни танци

Што се Стандардни танци?

Стандардните танци се елегантна и технички барана дисциплина во спортското танцување, дел од официјалниот натпреварувачки систем на WDSF – Светската танцова спортска федерација, која уште од 1957 година поставува врвни стандарди во светот на танцот. Англиски валцер, виенски валцер, слоуфокс, квикстеп и танго се изучуваат со прецизна методологија и оценуваат според строги WDSF критериуми. Во ТСК „Бранимир и Бранкица“, овие танци се предаваат од професионален тим со меѓународно искуство, со цел секој танчар да го достигне својот полн потенцијал – било рекреативно, било натпреварувачки.

Танц со Правила /

Танц со Правила /

Aнглиски валцер

Англискиот валцер е познат по своите мазни, кружни движења и „паѓање и кревање“ (rise and fall) техника. Танцот се изведува во споро темпо и создава чувство на лебдење по подиумот.

Тој е основа на сите стандардни танци и идеален за развивање на стабилна танцова рамка, музикалност и грациозност.

Танц без Правила /

Танц без Правила /

Aргентинско танго

Аргентинското танго е страстен и драматичен танц со остри, контролирани движења и силна визуелна експресија. За разлика од останатите стандардни танци, танго не вклучува „rise and fall“, туку се танцува ниско, со прецизна нога техника и постојана тензија меѓу партнерите. Танц што бара прецизност, емоција и сценска присутност.

Танц со Правила /

Танц со Правила /

Виенски валцер

Виенскиот валцер е најбрзиот валцер и се изведува со константни вртења и кружни движења во ритам од 3/4. Танцот создава спектакуларен визуелен ефект и бара одлична контрола, ориентација и физичка издржливост.

Неговата традиционална форма и динамика го прават омилен и на сцената и на балот.

Танц со Правила /

Танц со Правила /

Слоуфокс

Слоуфокс е еден од најтехнички прецизните и најтешките танци во стандардната категорија. Се карактеризира со мазни, лизгачки движења и големи чекори со постојан flow.

Темпото е бавно, но контролата и синхронизираноста меѓу партнерите мора да бидат совршени. Танцот бара зрелост, стабилност и беспрекорна техника.

Танц со Правила /

Танц со Правила /

Квикстеп

Квикстепот е брз, весел и скоклив танц со комплексна игра на ритам, брзи чекори и енергични движења. Иако е дел од стандардните танци, има динамика што често потсетува на шоу танц, со живост и елеганција во исто време.

Идеален за демонстрирање на леснотија, брзина и играчки карактер на парот.

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи

Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.

+389 71 968 582

Contact Form – Tanc

Заследете не

branimir-brankica-instagram-img-1
branimir-brankica-instagram-2
branimir-brankica-instagram-img-2
branimir-brankica-instagram-img-3
branimir-brankica-instagram-img-4
branimir-brankica-instagram-1