Skip to content

Спортски Танцови Двојки

Сцена за личен израз

Спортското танцување е дисциплина која го обединува најдоброто од светот на спортот и уметноста. Се изведува во пар – момче и девојка – со високо ниво на техничка подготвеност, кондиција и уметнички израз. Танчерите се меѓу најатлетски подготвените изведувачи, со силно, тонирано тело и совршена контрола на движењата – резултат на континуирани изометриски и изотонични вежби. Оваа дисциплина бара прецизност, издржливост и силна ментална посветеност.

Танц со Правила /

Танц со Правила /

Како изгледа тренингот / натпреварот?

Тренинзите на спортските танцови двојки се поделени во три категории: технички тренинг (совладување на чекори, ритам и водство), кондициски тренинг (јакнење на телото и издржливост) и практични тренинзи со поставени кореографии.

Танчерите се натпреваруваат во две дисциплини – 5 латиноамерикански танци (самба, ча-ча-ча, румба, пасодобле, џајв) и 5 стандардни танци (валцер, танго, виенски валцер, фокстрот, квикстеп), според правилата на WDSF. Категориите се распоредени според возраста: пионери, млади младинци, младинци, постари младинци, возрасни и сениори.

Танц без Правила /

Танц без Правила /

Како се започнува?

Секој врвен танчар некогаш почнал од почетна група. Во клубот „Бранимир и Бранкица“ со особено внимание ги подготвуваме новите генерации, со фокус на правилна основа, мотивација и љубов кон танцот. Нашата цел е секој танчар да го доживее танцот како спорт, рекреација и здрав начин на живот.

За некои, тоа е почеток на пат кон професионално танцување, за други – безбедна и креативна активност што го збогатува секојдневието.

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи /

Персонални тренинзи

Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.

+389 71 968 582

Contact Form – Tanc

Заследете не

branimir-brankica-instagram-img-1
branimir-brankica-instagram-2
branimir-brankica-instagram-img-2
branimir-brankica-instagram-img-3
branimir-brankica-instagram-img-4
branimir-brankica-instagram-1