Свадбен танц
Вашиот совршен прв танц
Свадбениот танц е еден од најемотивните и фотографирани моменти на вашата венчавка. Преку часови по свадбен танц, ќе ви помогнеме да креирате кореографија што совршено одговара на вашата музика, стил и приказна како пар. Без разлика дали сакате класичен валцер, модерен романтичен танц или нешто забавно и изненадувачко – тука сме да ве водиме чекор по чекор.

Создадено за вас
Нашите часови се прилагодени според вашето темпо, искуство и желби. Работиме во пријатна и опуштена атмосфера, со фокус на комуникацијата помеѓу партнерите и градење самодоверба на подиумот.
Доколку сакате да вклучите и гости, кумови или изненадувачка групна кореографија – нудиме и дополнителни пакети. Вашиот прв танц нека биде магичен момент што ќе го паметите засекогаш.

Незаборавен прв танц
Сакате вашиот прв танц да биде волшебен и незаборавен? Ние создаваме уникатни свадбени кореографии, внимателно избирајќи ја тематиката на танцот според вашата приказна, стил и желби. Дополнително, нудиме професионални танчери и танцови двојки кои ќе го збогатат вашиот настап и ќе му дадат посебна магија.
Со повеќе од 200 свадбени парови кои низ годините ни ја доверија својата свадбена бајка, со љубов и прецизност ќе ви помогнеме да блеснете на подиумот и да создадете спомен што ќе трае вечно.
Персонални тренинзи
Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.
+389 71 968 582





