Solo & Duo
Сцена за личен израз
Современиот DanceSport им овозможува на танчарите да се развиваат и натпреваруваат не
само во танцов пар, туку и преку соло, дуо и синхронизирани танцови дисциплини, со
јасно дефинирани правила, категории и критериуми за изведба.
Во програмата се изучуваат латиноамерикански танци, модерни танцови стилови,
Street Dance и Hip-Hop, со посебен акцент на правилна техника, музикалност, ритам,
координација, динамика, сценско движење и интерпретација.

Solo Dance
Танчерот настапува самостојно и постепено ја развива сопствената техника, контрола на телото, музикалноста, сигурноста и сценското присуство. Во латино програмата се работат танци како Samba, Cha-Cha-Cha, Rumba, Paso Doble и Jive, со техника и танцови карактеристики соодветни на дисциплината.
Нашите танчари се натпреваруваат во домашната А и Б лига како членови на ТСФМ – танцова спортска федерација и на меѓународни, европски и светски првенства како членови на WDSF, World Dance Sport Federation, според чии правила се изведуваат нашите кореографии.

Duo Dance
Двајца танчари создаваат заедничка изведба во која, покрај индивидуалниот квалитет на движењето, особено значење имаат усогласеноста, прецизноста, просторната ориентација, музикалноста и заедничката интерпретација. Танчерите учат да функционираат како една целина, а истовремено да ја задржат сопствената танцова индивидуалност.
Синхронизираното танцување бара висок степен на прецизност и усогласеност. Танчерите ја изведуваат кореографијата координирано – движењата на телото, рацете и нозете, ритамот, насоките и динамиката треба да создадат впечаток на единствена, компактна танцова целина.

Од првите чекори до натпреварувачки подиум
Секој танчар може да започне рекреативно, а со желба, посветеност и континуиран тренинг да продолжи кон повисоко натпреварувачко ниво.
Нашата цел не е само да научиме една кореографија. Градиме танчари кои ја разбираат техниката, музиката и движењето, знаат да настапуваат самостојно и како дел од тим и постепено се подготвуваат за спортско-танцови натпревари според соодветните правила и категории.
Персонални тренинзи
Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.
+389 71 968 582





