Street Dance
Што е Street Dance?
Street dance е урбана форма на танц која се развила од уличната култура и се танцува со слобода, став и силна поврзаност со музиката. Комбинира различни стилови како hip hop – со ритмички чекори и индивидуален израз, ragga jam – инспириран од јамајканските денсхол движења со женствена енергија и attitude, и break dance – акробатски и атлетски танц со power moves и footwork. Овие стилови се повеќе од танц – тие се движење, заедница и слободна уметност во движење.

Хип Хоп
Hip Hop танцот е енергичен, модерен и постојано еволуирачки стил што ги следи најновите музички и улични трендови. Се карактеризира со ритмички движења, силен groove, контраст меѓу брзи и бавни сегменти и акцент на личен стил и израз.
Се танцува соло, во група или во форма на battle.
Овој стил е идеален за младите и сите што сакаат да се движат слободно и да го изразат својот став.

Ragga Jam
Ragga Jam е експлозивна фузија на реге-дансхол танц со хип-хоп елементи. Потекнува од уличната култура на Јамајка и Франција и се карактеризира со енергични и ритмички движења на колковите, градите и целото тело.
Се танцува на реге и денсхол музика, со висока доза на attitude и сцена. Ragga Jam е моќна и забавна форма на танц која ја слави енергијата,телесната слобода и позитивниот дух.

Break Dance
Break Dance е акробатски и атлетски уличен танц што вклучува елементи како toprock, footwork, power moves и freezes. Потекнува од 1970-тите во Бронкс, Њујорк, и претставува еден од четирите главни елементи на хип-хоп културата.
Овој стил бара сила, координација, ритам и креативност, а најчесто се изведува на battle или перформанси. Break Dance нуди уникатен начин на самоизразување преку движења кои ја надминуваат гравитацијата.
Персонални тренинзи
Заинтересирани сте за часови со персонален инструктор?
Сакате целосно индивидуално внимание или приватност?
Јавете ни се или напишете ни порака и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.
+389 71 968 582





