За нас

Овие 10 години заедно создадовме нов животен стил.

Го пренасочивме менталниот склоп за практикување физичка активност, ги срушивме возрасните бариери и заблуди, ја освестивме можноста за менување и поставивме тло за правилен пристап до здрав живот.

Заклучивме дека физичката и духовната активност се задолжителна одговорност. Докажавме дека способноста за себереализација постои кај секого, а достапност на вистинскиот избор постои тука.

Бранимир Нешиќ и Бранкица Нешиќ, основачи на овој спортски клуб, се први и сѐ уште единствени лиценцирани (сертифицирани) инструктори од FISAF (Federation of International Sports Aerobic and Fitness). FISAF интернационалните лиценци (сертификати) се наоѓаат на листата на најценетите лиценци во fitness-wellness индустријата и се валидни насекаде низ светот.

Сите часови се одржуваат од спремни, обучени и лиценцирани инструктори со веќе долгогодишно искуство.

Направете го вистинскиот избор – вежбајте паметно.

ТСК БРАНИМИР&БРАНКИЦА
Aerobic * Pilates * Circuit Training * Personal Training * BYOGA * MEUNA

Инструктори

 
Бранимир Нешиќ
(аеробик, Power Yoga, кружен тренинг, персонален тренер)

Лиценциран FISAF инструктор
Магистер нутриционист
Персонален тренер
ZUMBA инструктор
Професионален танчар/инструктор

Бранкица Нешиќ
(аеробик, пилатес, BYOGA, програма MEUNA)

Лиценциран FISAF инструктор
Лиценциран јога инструктор
Персонален тренер
ZUMBA инструктор
Професионален танчар/инструктор

Петар Стојановски
(аеробик, корективна гимнастика)

Професор по физичко образование, спорт и здравје
Магистер по гимнастика
Инструктор по акробаланс, акробатика и паркур

Софија Палковска
(аеробик)

ZUMBA инструктор
Професионален танчар/инструктор

Слободан Трајковски
(програма MEUNA: медитација, јога-нидра, Суњата, ПЕАТ, унификационен процес, BYOGA)

ПЕАТ сертифициран тренер
ПЕАТ процеси во индивидуални и групни работилници и семинари за развој на човековата сопствена свест

REVIVE YOURSELF