За нас

Танцовиот спортски клуб „Бранимир и Бранкица“ е основан во 2006 година од Бранимир и Бранкица Нешиќ (брат и сестра), танчари со успешно долгогодишно танцово искуство, кои како танцова двојка се учесници на сите државни натпревари во Р Македонија во текот на својата натпреварувачка кариера, освојувачи на голем број титули и претставници на својата земја на многубројни меѓународни и светски првенства.

Денес своето знаење, кое во континуитет го надградуваат со постојано присуство на голем број семинари, работилници и натпревари од висок ранг, со голема љубов го пренесуваат на своите членови танчари.

Танцовиот спортски клуб „Бранимир и Бранкица“ е спортски клуб што е член во Танцовата спортска федерација на Македонија (ТСФМ), која пак е член на Светската танцова спортска федерација (WDSF). Во овој клуб професионално се изучуваат сите латиноамерикански и стандардни танци, со кои нашите танчари се редовни натпреварувачи во првата танцова лига на Р Македонија и постојани учесници на високорангирани интернационални натпревари.

Зад нас се многубројни настапи, приредби од јавен карактер, учесници во телевизиски емисии, театарски престави, филмови, музички спотови.

Од самиот почеток, во овој клуб се создаваат и тренираат актуелните вицешампиони и шампиони на Република Македонија!

Инструктори

Бранкица Нешиќ
Бранимир Нешиќ
Софија Палковска

Да танцуваме заедно
Секогаш правете го ВИСТИНСКИОТ избор
ЉУБОВ