ZUMBA

Зумба е тип аеробик при кој сите движења се во ритамот на африканската, на карипската и на латино музиката. Часот по зумба е инспиративен, динамичен, возбудлив и ефективен фитнес-тренинг. Овој тип аеробик вклучува интервален тренинг и тренинг со отпор, со што се овозможува зајаканување на телото, тонирање на мускулатурата и согорување калории, умерено е лесен и треба само да сте музикални и да сакате да танцувате.

Инструкторот во текот на часот, на кој во континуитет и непрекинато ги изведувате вежбите танцувајќи, на едноставен начин ви ги објаснува чекорите. Во секој случај, не грижете се ако не ги направите чекорите сосема точно, најбитно е да ја одржувате срцевата фреквенција во целната зона и да се забавувате.

Се движиме во ритамот на ча-ча, салса, меренге, мамбо, кумбија, калипсо, бачата…

Има повеќе комбинаци и варијации за ЗУМБА, а во нашиот клуб може да вежбате зумба тонинг и зумба степ, каде што се употребуваат и тегови, кои го држат ритамот и ги тонираат мускулите, како и степери, на кои има постојано качување и симнување во склоп на кореографијата што се танцува.

Вежбајте танцувајќи!