Пилатес

…движете се со леснотија

Долго време е омилен метод на тренирање кај танчарите, кај спортистите и кај изведувачите (циркус, гимнастичари) затоа што бара максимална сила, а притоа ги зголемува флексибилноста, координацијата и издржливоста. Движењата исто така се наменети да го олеснат правилното држење, како и да ја стимулираат и да ја подобрат циркулацијата.

Пилатесот наоѓа широка употреба во рехабилитацијата по хируршка интервенција или повреда.

…зацврстете го своето јадро

Пилатесот ќе ви помогне да развиете силно јадро што ќе биде поддршка на ’рбетот и ќе го намали притисокот врз ’рбетот, а ќе ве научи и да ги поттикнете и да ги интегрирате движењата од центарот на телото. Како што се менува и се реорганизира вашето тело, движењата стануваат поелегантни и поефикасни. Ќе забележите дека телото ви станува послабо, складно, а мускулите ви се издолжуваат и ви се зајакнуваат, додека зглобовите (лигаментите, тетивите) се урамнотежуваат.

…а само погледнете ги резултатите однадвор

Пилатесот исто така ќе ви помогне да ги елиминирате лошите навики на држењето, го ублажува притисокот врз зглобовите, врши декомпресија на ’рбетниот столб и ослободување од мускулната тензија, како и од болките во грбот, во вратот и во зглобовите. Ја подобрува ефикасноста на дишењето, ја стимулира и ја подобрува циркулацијата, го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата.

Превенира остеопороза и ја намалува беспомошноста кај оние што страдаат од артритис.
Акцентот на зајакнувањето на внатрешната абдоминална мускулатура ќе придонесе да имате порамен и позатегнат стомак.

…вежби за секого

Вежбите може да бидат модификувани и приспособени за вашите индивидуални потреби, без оглед на вашата возраст или моментална состојба.

Со употребата на специјализирана опрема, како и со вежбањето на партер, вашето тело ќе се витка, ќе се истегнува и ќе се извива до подобро здравје и до оптимална форма.

Типови пилатес во нашиот клуб:
MAT PILATES, YOGA-PILATES, FITBALL PILATES, RING PILATES, BAND PILATES, CARDIOBARRE PILATES.