Персонален тренинг

Тренингот со личен тренер е приватен тренинг и се одвива еден на еден со тренерот.
Времетраењето на тренинзите е 45 мин. – 60 мин. – 90 мин. во зависност од програмата што се практикува и од тоа која е целта што треба да се постигне.

Се практикуваат различни вежби и се употребува различен тип опрема, кој е обезбеден во клубот.

Приватен тренинг може да посетуваат сите, од рекреативци до професионални спортисти. 
Се работи на зголемување на кардиоваскуларната и на мускулната издржливост, зголемување на мускулната сила и на флексибилноста, како и на топење на маснотиите. 
Конкретно, се работат програми за слабеење, како и програми за подготовка на професионални спортисти.

Ваков тип часови може да посетуваат и практикантите што имаат некоја повреда и не можат да го следат интензитетот на групните тренинзи, па потребно е тренингот да се приспособи според нивните можности.

Тренерот ја определува и ја приспособува вашата исхрана.

Временскиот период кога се одвиваат овој тип часови, како и бројот на часовите, се одредуваат по договор.