MEUNA

ЈАС СУМ ЕДНО СО СÈ

МЕУНА ја отвора визијата на реалноста вон секојдневното ЈАС и го открива безграничниот простор на вашето вистинско битие. На сеансите и медитациите на МЕУНА сте водени низ спиритуални вежби, чекор по чекор, од секојдневното до високите нивоа на свест, каде во еден момент влегувате во состојба на АПСОЛУТНА ПРАЗНИНА и со полна свесност директно ја искусувате ВИСТИНАТА или вашата природна состојба.

Сите човечки искуства се претопуваат во ЕДНОТО, кое е наша реална природа. Низ ЕДНОТО полека ја ослободуваме свеста од перцепција за дуалноста за себе и светот. Низ ЕДНОТО се подобрува квалитетот на секојдневниот живот и се забрзува спиритуалната еволуција на практикантот.
Методите на овие вежби се едноставни, брзи и достапни за секого. Функционираат на контролиран и предвидлив начин.

Целта е да се препознае ПРАЗНИНАТА, за да може директно и свесно од неа да делуваме и преземаме сакани идентитети.

Празнината и исполнетоста не се две различни појави, туку две различни имиња измислени од умот. Медитацијата ја отвора вратата на големиот внатрешен свет, светот на искуствата, а не теоретскиот. Таму ќе бидете изненадени дека празнината и иполнетоста се едно, животот и смрта се едно, машкото и женското се едно.

Програма

МЕДИТАЦИЈА
ЈОГА НИДРА
СУЊАТА
ДЛАБОК ПЕАТ – DEEP PEAT
УНИФИКАЦИОНЕН ПРОЦЕС
АСПЕКТИКА
ГНОСТИЧКИ ИНТЕНЗИВ
ЕСКАЛИБУР