Кружен тренинг

Кружниот тренинг е посебен вид тренирање при кое се изведува широк спектар на вежби и се употребува разновидна опрема. Тренингот е комбинација од кардиовежби, вежби за сила, издржливост, флексибилност, мобилност. Вежбите се изведуваат поделени на повеќе станици. Секоја вежба се изведува со одреден број повторувања или е временски определена. Меѓу вежбите постои мала пауза, а меѓу круговите поголема, што го зголемува работниот ефект во кругот и го сведува времето минато во пауза на минимум.

Овој тип тренинг може да го практикуваат и рекреативци и професионални спортисти. Тренингот е соодветно приспособен на групата. 


Се избегнува монотонијата во вежбањето затоа што постојано се менуваат концептот на часот, типот и интензитетот на вежбите.

Овој тип тренирање го зголемува нивото на топење на маснотиите, го намалува стресот на зглобовите, ја зголемува скелетно-мускулната издржливост, го зајакнува срцевиот мускул, ги зголемува флексибилноста и мобилноста.


Сите овие придобивки не може да се постигнат со случаен избор на вежби. Затоа, од голема важност се вистинскиот избор на вежби на секоја станица, како и вистинскиот тренер.