Аеробик

Што е аеробик?

Зборот аеробик во суштина значи „со кислород“ или „во присуство на кислород“, со тоа што телото користи кислород да ги мобилизира складираните масти во енергија. Аеробик е секоја активност што ги користи големите мускулни групи, се одвива одреден временски период и е ритмички по природа.

Аеробичните вежби се карактеризираат со тоа што при нивното вежбање се активираат големите групи мускули, ритмички во период од неколку минути и подолго и за тој период дишењето е интензивно. Во овој момент на телото му е потребно да ја метаболизира складираната енергија и да ја насочи кон крвотокот за да се овозможи продолжување со физичката активност. Што значи дека мастите се земаат од складиштето и се конвертираат во енерегија, која се транспортира насекаде низ телото.

Времетраењето на еден аеробик час е 60 минути и секој час е конципиран од главен аеробен тренинг и, нормално, загревање, ладење и истегнување на телото. Сите компоненти се од големо значење за успешно поминат тренинг и се во тесна корелација со вашето здравје. Без доцнење или прерано напуштање на часот.

Придобивки од аеробикот:

• го подобрува здравјето на срцето;
• снабдувањето со крв;
• го подобрува искористувањето на кислород;
• ја зголемува отпорноста кон замор и дава дополнителна енергија;
• ги тонира мукулите и ја зголемува чистата мускулна маса;
• ја намалува тензијата и го подобрува спиењето;
• генерално ја зголемува издржливоста;
• го подобрува расположението, ги редуцира депресијата и анксиозноста.

Ги намалува:

• ризикот од дијабетес;
• ризикот од некои типови канцери;
• ризикот од кардиоваскуларни заболувања;
• заморот;
• крвниот притисок;
• шеќерот во крвта;
• телесните масти;
• анксиозноста и депресијата.

Во нашиот клуб достапни се следните аеробни тренинзи:
Kick Box Aerobic, Ultimate Bag Workout, Step Aerobic, Total Body Workout, Low Impact Aerobic, Zumba Fitness, Zumba Toning, Zumba Step.

Редовното вежбање носи многу придобивки. Добрата аеробна програма ни овозможува да живееме подолг и поздрав живот и да ја подобриме својата благосостојба.