Спортски танцови двојки

Спортското танцување е активност што комбинира спорт и танц. Спортскиот танчар е еден од најсилните атлетичари во светот. Неговото тело открива многу за физичката природа на спортот, особено совршено тонираните мускули, кои се забележителен резултат од постојаните изометрички и изотонични вежби.


Тренинзите за спортските танцови двојки се поделени во три групи:
• технички тренинзи;
• кондициски тренинзи;

• тренинзи на кои се танцуваат веќе поставените кореографии.



Овие танцови двојки се натпреваруваат во 10 спортски танци: 5 латиноамерикански танци и 5 стандардни танци, според правилата на Светската танцова спортска федерација (WDSF).



Танцуваат во категории распоредени според возраста:

- пионери, млади младинци, младинци, постари младинци и возрасни.



За да се биде спортски танчар, потребно е да се има големо предзнаење, кое првенствено се стекнува во почетни групи наменети за курсистите.


Спортскиот танцов клуб „Бранимир и Бранкица“ настојува на вистински начин да им го приближи танцот на децата и на родителите, како спорт и како рекреација, воннаставна активност што им дава можност здраво и квалитетно да го поминуваат своето слободно време, а на некои од нив и да станат врвни спортски танчари.