Салса, Бачата, Меренге, Кизомба, Регетон

Салсата денес е меѓу најпопуларните друштвени танци. Самиот танц е многу пикантен, весел, жежок и полетен. Неговиот ритам може да биде бавен или многу брз. Во текот на своето настанување се развил во два стила: кубански и порторикански стил.

Оригиналното име на кубанската салса е „Casino“ и ден-денес така ја нарекуваат во Куба. Кубанската салса уште се нарекува и „танц без правила“ бидејќи секое движење е дозволено. Порториканската салса се појавува по сласлата „Casino“ со цел да го поедностави „несредениот танц“ со вметнување основни чекори позајмени од мамбото и од румбата за да може да танцуваат и пошироките маси.

Подоцна од овој „танц со правила“ доаѓа влијание во родното место Куба и се создава групниот кубански танц RUEDA DE CASINO.

Покрај овие танци, во нашиот клуб се изучуваат и другите карипски танци, како бачата и меренге (со доминиканско потекло).
 А во поново време се актуализира и се популаризира и кизомбата, која, пак, има анголско потекло и е дериват на анголската Semba и Zouk, како и compass музиката од француските карипски острови.

Сите овие танци имате можност да ги изучувате во нашиот клуб во групи поделени во нивоа според стекнатото знаење.