Ragga jam

Ragga Jam е нов стил танцување креиран во Париз и припаѓа во групата на улични танци („street dance“).


Името на танцот доаѓа од Ragga (ragamuffin/реге-рап) и jam (мешавина на влијанија).
 Креатор на Ragga Jam e Лор Кортелемон (Laure Courtellemont), танчар, кореограф и педагог од Франција.


Овој стил е инспириран од музиката и танцот Ragga-Dancehall од Јамајка. Ragga jam е афројамајкански уличен танц збогатен со елементи од хипхоп, џез и други африкански танци.


Ragga Jam се танцува на Dancehall музика.


Акцентот се става на изолација на колковите и на градниот кош, како и на движењето на нозете, кое e многу значајно. Овој танц на танчарите им овозможува слобода на изразување, богата и оригинална кореографија, и ги исполнува со позитивната енергија на духот на оваа музика.