Латиноамерикански и стандардни танци

Латиноамериканските и стандардни танци се танци што се танцуваат во пар. 
Нудиме пет ЛА-танци (самба, ча-ча-ча, румба, пасодобле и џајв), како и пет стандардни танци (англиски валцер, аргентинско танго, виенски валцер, слоуфокс и квикстеп).
 Сите овие танци имаат различно потекло, ритам и динамика, специфично држење и начин на изразување, посебна техника на танцување и уникатни кореографии.

Овие десет танци во нашиот клуб ги изучуваат и рекреативците и спортските танцови двојки. Како спортски танци се изучуваат и се танцуваат според одредени правила и критериуми одредени од страна на WDSF (Светската танцова спортска федерација) и според нив и се оценуваат.

WDSF постои од 1957 година и се наоѓа на самиот врв во светот во однос на квалитетот, достигнувањата, организацијата и на развојот на овој тип спорт.

Кај нас во ТСК „Бранимир и Бранкица“ професионално се изучуваат овие дисциплини од страна на обучен и високостручен тим со долгогодишно танцувачко и тренерско искуство.


Најдобрите танчари во Република Македонија се создаваат и танцуваат токму во овој клуб