LA Show, Formations, Solo

Формациското танцување е една од поинтересните танцови дисциплини. Формацијата може да биде составена од парови (момчиња-девојчиња) или само од девојки. Формациското танцување се изведува во две дисциплини: ЛА-формација и СТ-формација. Кореографиите се состојат од по пет танци. Сите членови на тимот имаат исти костими, чевли, фризури и шминка, oнака како што се поделени според правилата на WDSF. По истите WDSF правила актуелни се и СОЛО, ДУО дисциплините (поединечно момчиња и девојчиња).

Денес исто така е актуелно натпреварувањето според правилата на IDO (Internatinal Dance Organization), при што предност се дава на карипските танци (салса, бачата, меренге…),
 се танцува соло, во дуо, во група, формација, продукција. Стилот на гардеробата соодветствува со стилот на танцување и со природата на танцот.

Во нашиот клуб се изучуваат сите типови танци и со нив сме активни учесници на сите домашни и на многубројни интернационални натпревари.